По инцијатива на 12 џудо клубови членки на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) или 1/2 од клубовите на 5 мај ќе се одржи вонредно Собрание во Прилеп на кое ќе се гласа за довребата на претседателот и членовите на Извршниот и Надзорниот одбор, како и избор на нова раководна структура.
Собранието ќе се одржи во старата општинска зграда со почеток во 10 часот.
Од иницијативниот одбор истакнуваат декаи пред 1 месец поднеле барање до претседателот Филип Иванов за свикување на вонредно Собрание на ЏФМ. Истото е свикано поради незадоволството од досегашното функционирање на самата федерација како: прекршување на актуелниот Статут на ЏФМ и останатите законски акти врз кои се базира истиот; игнорирање на барања, предлози и забелешки на поголемиот број клубови и носење еднострани одлуки на раководството; дуплирање на функции од страна на одредени личности, неизбирање на неколку поважни комисии, како судиската, неизбор на селектори на национални селекции, неодржување на ниту едно државно првенство и многу други причини..
„Бидејќи претседателот не го испочитува законскиот рок од 30 дена за свикување на вонредно Собрание, иницијаторите го сторија тоа согласно одредбите во Статутот на ЏФМ и Законот за здруженија и фондации“, наведуваат иницијаторите.
Ipon.mk