Благој Иванов потпиша за УФЦ

Бугарскиот тешкаш Благој Иванов – Багата потпиша договор со најпрестижниот MMA организација УФЦ. Веста беше објавена од познатиот новинар Ариел Хеловани. Пред неколку часа тој објави пост на Твитер.

„”Поранешниот шампион на Светската боречка серија ВСОФ, Благој Иванов, потпиша договор со УФЦ, потврди извор. Неговото деби во октагонот се очекува во текот на летото. Неодамна Иванов се раздели со Професионалната лига на борците“.

Во јануари Иванов го оперираше скинатиот менискус. 31-годишниот Бугарин има 16 победи и 1 пораз од Русинот кој во моментов прави многу силни мечеви во УФЦ, Александар Волков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО