Џудистите на Пролетер освоија 11 медали, 6 златни и 5 бронзени, на Меѓународниот турнир „Патрида опен“ во Солун, Грција.
На турнирот учествуваа натпреварувачи од Русија, Украина, Турција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Молдавија, Кипар и Македонија.
Со златни меали се закитија: Галески Тадеј до 27 кг, Петрески Мартин 30кг, Сара Павлоска 29кг, Теодора Димеска 44кг, Јорданчо Ѓорѓиоски 50кг и Ангелов Борче 66кг.
Бронзени медали освоија: Марко Кироваков до 31кг, Никола Спиркоски 24кг, Лука Петејчук 38кг, ДиноСпиркоски 42кг и Михаил Стојаноски до 27 кг.
Ipon.mk/В.Д.