Вкупно, 128 спортисти во таеквондо ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз во 2024 гопдина, односно 64 мажи и 64 жени – исто толку колку и претходните изданија на Игрите, соопштија од ИОК.
Оваа бројка вклучува квоти за земјата домаќин (две квоти по пол) и места за „вајлд карта“ (две по пол).
Точно 120 преостанати места во квотата ќе бидат доделени на Националните олимписки комитети со максимален број осум (еден/една по тежинска категорија, четири по пол во сите тежински категории).
За секоја од осумте тежински категории ќе се натпреваруваат најмногу 16 спортисти.
Повеќе на следниот ЛИНК