100 илјади навивачи го поздравија Головкин на стадионот Ацтека

Генади Головкин ја заврши посетата на Мексико.

ВБЦ, ВБА, ИБФ и ИБО шампионот во средна категорија вљубеник во мексиканскиот стил на бокс, а пред да се вратќањето дома во Лос Анџелес беше на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити, каде што на полувремето на натпрвера на американски фудбал меѓу Оукленд Рајдерс и Патриот од Нова Англија го поздравија речиси 100 000 навивачи.

Во последната борба во септември ГГГ ремизираше со мексиканската супер ѕвезда Сол Алварез и се очекува потврда за реваншот.

35-годишниот Казахстанец ја посети детската болница, а го прими и градоначалникот на Мексико Сити, Мигел Ангел Манчер, кој му искажа благодарност за неговата великодушна помош за жртвите од земјотресот.

Го придружуваа тренерот Абел Санчез и промоторот Том Лофлер, како и претседател на ВБЦ Маурисио Сулејман. Седиштето на Светскиот боксерски совет се наоѓа токму во Мексико Сити.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО