100 долари за да се гледа Пакијао-Мејведер на телевизија!

mani mej

Сто долари ќе мора да платат боксерските фанови кои сакаат на телевизија да го видат долго очекуваниот меч за кој владее огромен интерес, средбата меѓу светскиот шампион во пет тежински категории Флојд Мејведер и светскиот шампион на WBO во категорија до 66,7 килограми, Мани Пакијао.

Спектаклот ќе се емитува по системот “pay-per-view” (плаќаш за да гледаш) во два конкурентски телевизиски канали – Showtime и НВО. Инаку, билетите на црно за дуелот достигнаа цена од 20.000 долари. Во Велика Британија за правото да ја емитуваат средбата се борат на ТВ каналите Sky, BT и BoxNation.

Мејведер (37), носител на шампионските појаси во верзиите ВБА и ВБЦ, во пет тежински категории до сега. Тој има 47 победи, од кои 28 се со нокаут, и ниту еден пораз.

Мани Пакијао, пак, е светски шампион на ВБО во категорија до 66,7 кг. На неговата сметка има 57 победи (38 со нокаут), 5 порази и 2 нерешени . Во последниот натпревар на 23 ноември тој го победи Американецот, Крис Алгиери, со едногласна одлука на судиите .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON