10 медали за македонските каратисти на „Кроација опен“, два за Александар Неделковски

Македонските каратисти на силниот Меѓународен турнир „Кроација опен 2019“ во Риека, Хрватска, освоија 10 медали  – 2 златни, 5 сребрени и 3 бронзени. Александар Неделковски во кати освои две одличја – сребро во сениори и бронза во У-18.

Медалите ги освоија:
Александар Неделковски сребрен сениори кати и бронза кати У-18 – Металург
Јована Георгиева (-55 кг) сребрен медал сениори – Олмпик Спорт
Сара Радичевска (-61 кг) сребрен сениори – Макпетрол
Вероника Костовска (-61 кг) сребрен У-21 – Олмпик Спорт
Ангела Мојсовска (-68 кг) сребрен У-21 – Макпетрол
Матеј Белистојаноски (-52 кг) бронзен кадети – Спорт 94
Бојан Костов(-57 кг) златен  кадети – Олмпик Спорт
Витомир Трајковски (-70 кг) златен кадети – Макпетрол
Абдурахим Идризи (-60 кг) бронза сениори – Макпетрол

На турнирот настапија 1917 натпреварувачи од 256 клуба од 25 држави.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON