10 медали за Македонија на Балканското првенство во џудо, силните репрезентации на Турција, Србија и Романија не учествуваа

Македонската сениорска репрезентација во џудо освои 10 медали на Балканското првенство овој викенд во Кавадарци – 1 златен, 5 сребрени и 4 бронзени. Едно сребро е во екипна конкуренција.

Треба да се има во предвид дека најдобрите репрезентации не настапија на Балканското првенство како Србија, Турција, Романија, а Бугарија настапи со клупски натпреварувачи и Косово не дојде со најдобриот состав, поради подготовки за Светското првенство кон крајот на месецот. Па така во Кавадарци учествуваа седум земји (Македонија, Црна Гора, БиХ, Бугарија, Грција, Албанија и Косово), а најбројна беше нашата репрезентација. Од сите медалисти и наши репрезентативци само тројца џудисти извојуваа победи против противници од други држави. Во екипниот дел Македонија (микс-екипно, заедно мажи и жени) ја совладаа Албанија со 5-1, а во борбата за златото загубија од БиХ со 2-4.

Во поединечна конкуренција со златен медал се закити Анастасија Качаниклиќ во категоријата до 70 кг, која настапи и во категоријата до 78 кг, освојувајќи го сребрениот медал. Со сребро кај жените се закитија уште Берна Шерифовска (категорија до 57 кг) и Александра Најдоска (над 78 кг), додека бронза освои Благица Колева (до 78 кг).

Кај мажите сребро освои Дарко Велкоски (до 60 кг), а бронзи Давор Велкоски (до 60 кг), Христијан Ѓураков (до 81 кг) и Семир Авдиќ (до 100 кг). Беа освоени уште две петти и пет седми места.

Најдобар настап имаше Берна Шерифовска.

Прифаќањето на организацијата на првенството, откако Косово се откажа, се чини ја промаши целта, иако за нас ова е најуспешен настап.

Од друга страна, зачудувачки е односот на лица од Џудо федерацијата на Македонија да не ги проследуваат комплетните резултати со косистемите и бројот на натепреварувачи, а и да ги бираат медиумите на кого ќе ги даваат.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО