На силниот турнир „БЏЏ Ист Јуропиан БЏЏ опен 2015“ што се одржа вчера во Загреб, Хрватска, натпреварувачите од „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“ освои 10 медали. Тежината на овој резултат е поголема затоа што 10-те медали ги освоија осум натепреварувачи, четиримина од нив за прва пат се натпреваруваа.
Сандра Јанкова освои два сребрени медали, еден во категорија и еден во апсолутна категорија со далеку потежок и поискусен противник. Во апсолутна категорија се бореше со освојувачот на бронезниот медал од Европскиот шампионат во 2015 година. Иван Милошев по две победи, во полуфиналето, иако водел на поени и победата му била на дофат, на крајот направил грешка и ја загубил борбата на зафат (арм бар). Огнен Кузмановски освои бронзен медал во својот прв настап на официјален турнир.
Во категорија на плави појаси Стефан Пецевски и Никола Костадиновски, порано се бореа во категоирија за бели појаси, Пецевски изгуби во финалето во категоријата. Во апсолутна категорија, по неколку победи, во финаланта борба поради грч на ножниот мускул ја предал борбата и морал да се задоволи со два сребрени медали. Никола во финалето не успеа да победи.
Александар Заткоски, за прв пат имаше настап во силната категорија на виолетови појаси. Оваа категорија е квалитетна, бидејќи во неа се натпреварувачи со поголемо искуство. Заткоски во финалната борба се борел против потежок и многу поискусен противник, бидејќи немал противници во неговата килажа, морал да се приклучи кон потешката категорија. Борбата ја загубил со 2:0, бидејќи судијата му додели техничка казна, со што неговиот противник добил 2 поени, а со тоа и победата.
Алексовски Ивица се бореше во категоријата на виолетови појаси. Иако имаше повреда на ногата, Алексовски одлучил дека може да се бори на овој силен турнир. Во полуфиналната борба извојувал победа и се пласирал во финалето. Но, финалната борба дошла многу брзо, по само 10 минути, ја загубил на поени.
Во екипниот дел „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“ се пласира на солдиното 6 место.
-Се на се, оваа екипа ветува поголеми успеси на наредните турнири и се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме со „производство“ на нови шампиони, кои ќе доследно ќе ја представуваат нашата држава на светски турнири, вели тренерот Ивица Алексовски.
EAST EUROPEAN BJJ OPEN CHAMPIONSHIP 2015 RESULTS:
TEAM RESULTS
1. MIRKOVIĆ UNION BJJ 104 PTS
2. ROGER GRACIE VIENNA – 93 PTS
3. CHECKMAT NEVES HRVATSKA 70 PTS
4. BJJ ARENA SARAJEVO 33 PTS
5. RIO GRAPPLING CLUB EU 32 PTS
6. GRACIE BARRA HUNGARY 26 PTS
TEAM ROOTS MACEDONIA 26 PTS
MATA LEAO FORCE A MONTENEGRO 26 PTS
ALLIANCE BLACK DRAGON SPLIT 26 PTS
7. BURNING ITALY 22 PTS
8. CARLOS MAIA SLOVENIA 19 PTS
9. JUNGLE BJJ – 18 PTS
10. BORA NERA ITALY 15 PTS
11. ŽERJAL – KIMURA BJJ 13 PTS
CARLOS MAIA AUSTRIA 13 PTS
12. BUSHIDO SARAJEVO 12 PTS
MILL HILL ŠIBENIK 12 PTS
13. OLDSCHOOL BJJ 10 PTS
14. MS JIU JITSU 9 PTS
GRACIE BARRA BELGRADE 9 PTS
FIGHT FACTORY VG 9 PTS
15. ACVILA BJJ 6 PTS
16. JK KVARNER 4 PTS
17. RIO GRAPPLING CLUB BiH 3 PTS
BJJ SLOVAKIA 3 PTS
18. GRACIE BARRA HRVATSKA 2 PTS
19. JJK VARAŽDIN 1 PT