Адријан Бронер го сопре Теофан и го предизвика Мејведер кој само се насмеа (ВИДЕО

Adrian Broner - teofan

Нема сомнение дека Адријан Бронер (32-2, 24 КО), имаше неколку тешки недели зад себе.

Но, во рингот ги остави сите проблеми зад себе и доминираше против Британецот Ешли Теофан (39-7-1, 11 КО).

„Проблем“ го скрши отпорот на Теофан во 9 рунда. Го прогонуваше по рингот пред да се замеша судијата Луис Пабон и да ја прекине борбата.

По победата Бронер го прозива Флојд Мејведер со кого подолго време е во конфликт. „Пари“ ја гледаше борбата од публиката во Вашингтон, откако слушна дека Бронер ограбил човек во кугланата, рече: „Дали AB секогаш е скршен? (Секогаш без пари)“?.

„Некој на кого се угледував, некој на кого му се восхитував ја искористи можноста да даде интервју и да се зборува лошо за мене. Јас сум маж. Јас доаѓам од улица, од рововите. Од дното, од ништо. Зборувам за корнфлекс со вода. Доаѓам од ништо и никогаш нема да дозволам така да ме омаловажува. Мора да се види со мене. Не ми е гајле дали ќе спрингуваме или ќе се бориме, одиме“, рече Бронер.

Мејведер само се насмеа на неговите зборови.

https://youtu.be/Cj2QMVybamA

И покрај победата Бронер ја загуби шампионската титула на ВБА во супер лесна категорија, бидејќи 180 грама беше потежок.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON