„Зворник опен 2018“ нов предизвик за Хва ранг ИТФ

Викендов Теквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, ќе учествува на Меѓународниот турнир од  А класа „Зворник опен 2018“ во Зворник, Босна и Хрецеговина. Ова е еден од посилните турнири во југоисточниот дел на Европа.

Натпреварувачите на Хва ранг ИТФ ќе настапат во две дисциплини: форми и спаринг-борби поединечно и екипно.

„Со самото пријавување знаеме дека овај турнир ќе биде премногу тежок, бидејќи своето учество го имаат најавено клубови од 15 земји, а ќе има актуеални европски и светски шампиони. За нашите натрпеварувачи ова ќе биде одлично искуство за иднина, кога ќе ги исполнат критериумите за да учествуаат на некое европско или светско првенство“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски, додавјќи оти се надева дека претсатвниците на ТКД ХВА ранг ИТФ ќе и претстават во најубаво издание и да ги направат горди.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON