Зубаиров и Ефендиеф претставени како големи засилувања СВ Германија Вајнгартен!

efendiev-zubairov

СВ Германија Вајнгартен (веб-страницатаhttp://www.svgermania04.de/) ги потполни своите редови во грчко-римски стил со познатите специјалисти во слободен стил, Заур Ефендиев и Халил Зубаиров. Двете момчиња од Дагестан на меѓународните натпревари настапуваат за  Србија и Македонија и ќе бидат засилување во категориите до 75 кг и 86 кг.

Ефендиев победи на Светските универзитетски првенства 2010  и 2013 година го освои бронзениот медал, а на Европските игри во Баку беше петти. Најголемиот успех го постигна во Златната лига во Париз во 2014 година, кога Ефендиев (24) беше прв. Ефендиев треба да го замени Георг Харт во категоријата до 75 кг и се надеваат дека нема да се случи повреда.

Screenshot 2015-07-13 22.40.29

Зубаиров (22) годинава за Македонија ја започна на Европското првенство У-23, на кое што го освои третото место. Европскиот кадетски шампион во 2010 година тренираше со врвните руски борачи Кудијамагомедов и Садулаев во истото спортско училиште во Дагестан. Во јуниорска конкуренција Зубаиров можеше постојано да се бори против актуелниот светски шампион Садулаев. На Европските игри 2015 Зубаиров мораше да му се поклони на силни Полјак, а подоцна третопласираниот Марцинкјевич. Со малку повеќе искуство, секако, младиот Македонец во иднина е кандидат за медали на големите натпреварувања.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON