Блерина Сефери неколку години настапуваше во џудо репрезентацијата на Македонија во пионерска и кадетска конкуренција во категориите до 48 килограми.
Но, таа од неодамна зема германско државјанство. Сефери оваа година настапи на Државното првенство на Германија и беше трета, додека под знамето на Германија настапи и на Европскиот куп за кадети во Теплице и Европскиот куп за кадети во Берлин. Во Берлин Сефери беше 7-ма.
Од кои причини најталентираната џудистка во Македонија зема германско државјанство е прашање на кое треба да одговорат повеќе структури во нашата земја, но и самата Сефери.
Од друга страна, во џудо круговите велат дека купуваме спортисти, однонсо и даваме државјанство да настапуваат за нашите репрезентации, а кавлитетот што го имаме го пуштаме да си оди и да и носи успеси на другите држави.
Ианку, Блерина Сефери е од Шипковица-Тетово, а во Македонија настапуваше за ЏК Ипон од Скопје. Таа беше неколку кратен државен првак на Македонија и освојувач на две златни и еден сребрен медал од Балканијадите за пионери и кадети, а на Европскиот куп за кадети во Португалија беше 5-та. Во овој периор Сефери беше нашата најдобра џудистка.
Затоа се поставува прашањето дали како потенцијален освојувач на високи пласмани на големи натпревари Македонскиот олимписки комитет (МОК) не ја зема под закрила, како единствена институција која се грижи за поддршка на ваков тип на спортисти. Дали требаше посериозно да пристапи во овој случај?!.
ipon.mk/В.Д.