„Зошто да не стапнам на нивна територија“? Џошуа размислува за деби во ММА

Ентони Џошуа веќе постигна речиси сè што е можно во професионалниот бокс, но се чини дека не исклучува нов предизвик надвор од рингот. Поранешниот светски шампион во тешка категорија призна дека размислувал да се префрли на ММА или кик бокс откако со години ги гледал борците од други спортови како се упатуваат кон боксерскиот ринг.
За време на гостувањето во поtкастот „Господин Верзас“, Британецот коментираше за растечкиот тренд на кросовер борби и рече дека можеби е време боксерите да направат чекор во спротивна насока.
„Искрено, си помислив: зошто да не влезам на нивна територија кога тие постојано доаѓаат на нашата? Зборуваме за голем бизнис. Зборуваме за најдобрите во нивните спортови. ММА, кик бокс – ова не се аматери, тие се исклучително искусни борци. Би било интересно ако еден од нас премине на нивна страна и види како ќе оди“.
Коментарите на Џошуа доаѓаат по години успешни кросовер проекти, вклучувајќи ја и неговата борба против Фрeнсис Нгану во 2024 година, кога Британецот го нокаутира во втората рунда поранешниот шампион на УФЦ. Можно е Џошуа да размислува и за евентуално појавување во кик бокс.
Шампионот на Глори, Рико Верховен, неодамна се соочи со Александар Усик во една од најкоментираните кросовер борби оваа година, што дополнително ги поттикна разговорите за вакви средби меѓу ѕвезди од различни боречки спортови. И покрај неговиот интерес за таков предизвик, Џошуа останува убеден дека боксот останува врв на боречките спортови.
„Дури и ако Ентони Џошуа се пресели во ММА, тоа нема да биде толку голема работа како кога борците на ММА ќе дојдат во бокс. Боксот е врв на боречките спортови“.
Британецот нагласи дека ако некогаш направи таков потег, нема интерес за егзибициски борби или непознати противници.
„100 проценти би сакал големо име. Ако го направам тоа, мора да биде против некој што навистина е важен“.
Нема конкретни разговори или планови Џошуа да го направи своето деби во кафез, но неговите зборови сигурно ќе предизвикаат многу шпекулации за потенцијални идни судири со некои од најголемите имиња во ММА.



