Легендите на македонското борење Шабан Сејди и Зоран Шоров завчера имаа состанок со директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каески, кој доаѓа како последица на минатонеделната средба со премиерот Зоран Заев.
На состанок е разговарано за проектот за развојот на борењето во Македонија, во кој главни промотори ќе бидат двете легенди на нашето борење. Меѓу другото, е разговаранои за спортот и борењето во нашата држава воопшто, при што е договорено со заедничко ангажирање на нашиот најтрофеен спорт да му се врати стариот сјај.
Зоран и Шабан ќе ги посетат сите места во нашата земја за да запознаат одблиску со проблемите кои го кочат напредокот на борењето.
Според зборовите на легендите, многу работи со години наназад се испуштени од контрола, затоа претстои макотрпна работа да се направи шампионска клима.
Ipon.mk