Од 3 до 7 јуни во Лутраки-Грција, се одржа големиот меѓународен семинар на Шотокан Казе ха рју до карате со инструктажа на верниот следбеник на големиот мајстор на каратето Таиџи Казе, Велибор Димитријевиќ-Вебо.
На семинарот учествуваа 180 мајстори со повискои степени на црни појаси од Грција, Србија, Англија, Португалија, Шведска, Швацарија, Франција, Норвешка и Македонија.
Македонското шотокан карате го претставуваше мајсторот Зоран Пејов, кој е носител на црн појас четврти дан и е тренер на Карате центар „Пејов“ од Скопје.
Карактеристично за демонстрацијата на Димитријевиќ на овој семинар е тоа што тој го негува будо пристапот, односно вежбање на каратето исклучиво како боречка вештина во вистинска смисла на зборот. Или, онака како што ги создал Фунакоши Гичин, градењето на индивидуата, а уште повеќе на надоградувањето на свеста на практиката.
Пејов истакнува дека се работеле кати, бункаи, кумите, техника на медитација, висок степен на енергетски вежби.
–Предизвик на овој семинар, според мое видување, е практикувањето на карате до во суштинската смисла на зборот. Црпење на енергија од изворот преку Димитријевиќ, односно легендарниот Таиџи Казе, и практикување на сите карате техники на еден многу висок степен. За да може да го вежбаш овој стил на карате, потребно е високо ниво на знаење и подготвеност. Тоа подразбира посветеност на карате до и радикално вежбање на истото, како начин на живеење, – нагласува нашиот истакнат мајстор и поранешен освојувач на европски медали, Зоран Пејов.
ipon.mk/В.Д.