Каратистот на Металург, Петар Спасеновски (-84 кг), го освои златниот медал на Меѓународниот турнир Гран при Кроација во Самобор, Хрватска, додека Петар Заборски (-75 кг) и Моника Пендароска (-55 кг)од Макпетрол и Драгана Манговска (-50 кг)се закитија со сребра во конкуренција на млади сениори (У-21).
Спасеновски во финалето беше подобар од Хамза Чајиќ од КК Оркка, односно победи без борба бидејќи противникот не настапи поради повреда.
Заборски загуби од Никола Маловиќ од Омладинац, додека Пендаровска и Манговска се поразени од Кристина Вице од Литванија и Никол Мурабито од Торино-Италија.
Во оваа конкуренција Ангела Мојсовска (-68 кг) од Макептрол освои бронзен медал, а Столе Смилковски (-55 кг) кај јуниорите се закити со злато.
Ipon.mk/В.Д.