Такевондо клубот Феникс Кик од Скопје викендов со тројца натпреварувачи на Меѓународен турнир „Топ Тирана опен“, освои еден златен и еден бронзен медал.
Кадетката Ива Сандева (-51 кг) ја продолжува низата на освојување на златни медали. Таа до медалот дојде со две 2 победи. Иво Сандев (кадет, -45 кг) го освои бронзениот медал со две победи и пораз во полуфиналето.
Пионерот Лука Ангелов (-33 кг) за првпат настапи во А класа и забележа една победа и пораз, при што покажа каратер и желба за успех.
Ipon.mk/В.Д.