Злато за Глушкин, бронза за Трајков на „Балкан бест фајтерс“

Александар Глушкин од Фајт тим го освои златниот медал, а Борјан Трајков бронзата на Меѓународниот турнир во кик бокс „Балкан бест фајтерс 2018“.

Глушкин во финалето го победи противникот од Шампион од Скопје, додека Борјан Трајков ја изгуби борбата од Унгарец, а тренерот Тони Стојановски остро регаираше на неправилности, затоа што противникот од Унагарија не бил во иста категорија со Борјан Трајков со 57 кг. Упатена е преставка до организаторот и побарано да се изврши мерење на двајцата натпреварувачи, но тоа не му беше дозволено.

На турнирот учествуваат 15 земји со над 1000 натпреварувачи.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON