Македонската кендо репрезентација се врати со три медала од 10-тото Балканско првенство во Софија, Бугарија.
Андреј Александров го освои златниот медал во пионерска конкуренција од 11 до 14 години, додека Олег Бичковски е втор за јуниори 15-18 години, а јуниорскиот национален тим (Александров, Кесковски и Бичковски) се закити со сребрениот медал.
Во категоријата жени, Ивона Лазаровска ја освои престижната награда за борбен дух.
Сениорскиот тим беше прв во групата по борбите со Турција и Хрватска, но потоа тесно е совладан од репрезентацијата на Србија.
По завршувањето на турнирот се полагаше за степен (дан), при што Ивановски и Кесковски успесно положија за 3-ти односно 4-ти дан.
Ipon.mk