Џудистите на „Ипон“ од имаа успешен настап на Меѓународниот турнир „Тирана 2014“, кој се одржа по 12 пат. Абреша Реџепи во категоријата до 44 киограми во кадетска конкуренција беше неприкосновена и уверливо го освои првото место, додека Амра Фејзули мораше да се задоволи со сребрениот медал во категоријата до 57 килограми, исто така и Фадик Касамовски (- 81 кг) во кадетска конкуренција беше втор.
На турнирот учествуваа натпреварувачи од Албанија, Македонија, Црна Гора, Косово и Италија.
Според зборовите на Игор Мицоски, тренерот на Ипон, турнирот бил доста силен, пред се поради учеството на светските и европските носители на медали од Косово.
ipon.mk/В.Д.