Кадетката Мартина Наумовска (-55 кг) со освојувањето на златниот медал на Меѓународниот таеквондо турнир во „Дупница опен“ во Бугарија влезе во клупската историја ТКД Феникс кик како прв натпреварувач кој освоил златен медал од турнирите од Е и Г серија.
Мартина во прво коло (полуфинале ) ја победи Алехија Папангелу (Грција) 2-0 во рунди, а финалната борба славеше победа над Гала Начева (Бугарија) 2-0.
Мартина на последните три натпревари стигнува во финале и има скор од 2 сребра и 1 злато.
„Наумовска прераснува во нова олимписка надеж на таеквондо и македонскиот спорт“, велат од клубот.
Дамјан Василевски (- 45 кг, јуниори) се закити со бронзен медал. Дамјан во првото коло извојува победа над Матија Русев (Бугарија) 2-0 во рунди, а второто (полуфинале) е поразен од Мавридис Евангелос (Грција) 2-0.
Јуниорката Илина Гулабовска (-59 кг) беше поразена во првото коло.