„Златниот гонг“ без Димовски и Мумин

primislav dimovski

Во петок и сабота 44-то издание меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, кој првото издание го имаше во 1969 година, а годинава. Мчевите ќе се одржат во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Полуфиналните борби се в петок попладне, а финалните в сабота претпладне (од 11 часот). Досега настапот на „Златниот гонг“ го потврдија над 50 боксери од девет земји – Велика Британија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, Белорусија, БиХ, Албанија и Словенија. Можно е да настапат и боксери од Хрватска и Грција.
На „Гонгот“ ќе го нема ланскиот победник, младиот Англичанец Том Вилсон, но од Островот повторно доаѓаат квалитетни боксери, кои се кадарни да го наследат Вилсон на тронот.

Македонија ќе се претстави со девет боксери, и тоа Исак Сулејмани, Идриз Бислими, Амет Единовиќ, Сашо Лескаровски, Бојан Ристевски, Димитар Апостоловски, Димитар Ташковски, Илче Јоневски и Александар Георгиевски. Нашите најдобри боксери Примислав Димовски и Вели Мумин нема да настапат.
Димовски, кој четири пати победуваше на „Гонгот“, а лани беше прогласен за најдобар техничар, нема да настапи од лични причини, но ќе биде член на жирито. Поради слични причини ќе недостига и трикратниот победник Вели Мумин.

На „Гонгот“ ќе го нема ланскиот победник, младиот Англичанец Том Вилсон.

Како и лани, боксерите нема да носат заштитни маски на главата, поради тоа што Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) ги суспендира во март 2013 година, сакајќи натпреварите да ги направи поинтересни и поатрактивни за гледачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON