Две јуниорски злата за македонските таеквондисти Андреј Василевски (-59 кг од ТКД Бутел и Христијан Симоновски (-63 кг) од ТК Младост на силниот Меѓународен турнир „Скопје опен Рамус“ од Г1 серија.

Василевски во првата борба победа против Кристијан Петров од Бугарија, во втората славеше над Елбоген Итај од Израел, а во полуфиналето го совлада нашиот втор натпреварувач во оваа категорија Филип Каревски. Андреј во финалето забележа победа над Виктор Сетвиќ од Шведска.

Симоновски во првата борба беше подобар од Емир Хониќ од Босна и Херцеговина, во полуфиналето славеше против Бугаринот Јордан Ангелов, а во финалето триумфира над Станислав Митков од Бугарија.