Борачите на Спартак викендов настапија на два турнири, во Белград и Петрич, при што Даријан Павлев и Павел Темелков, кои патуваа со борачите на Балчканец, на Меѓународниот турнир „Трофеј Победник“ освоија златни медали.
Резултатите беа остварени во силна конкуренција на 150 натпреварувачи од Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Словачка, Србија и Македонија.
Павлев го освои златниот медал во категоријата до 62 килограми, а Темелков до 68 кг, притоа прикажале одлични борби.
Паралелно со настапот на турнирот во Белград, борачи на Спартак настапија и на Меморијалниот меѓународен турнир „Венцислав Полизиев“ во организација на „Беласица – Петрич 2021“.
На турнирот учествуваа 180 борачи од клубови во Бугарија како и „Спартак“, „Балканец“, „Шкупи“, „Лирија“ и „Олимпија“ од Македонија.
Од четворицата претставници на „Спартак“. Кристијан Илиев (38), Мартин Цветков (47), Јован Илиев (47) и Илија Иванов (53) единствената победа ја забележа Илија Иванов.
Освен четворицата борачи поддршка на борачите на „Спартак“ беше тренерот Зоран Сребренов и судиите Игор Христов и Гоце Ангелов.