Златко Петровски од Будо центарот во Велес завчера настапи на ММА настанот Макс фајт 39 во Бугарија против Недко Николов (Бугарија) во категоријата до 77 килограми.
Петровски забележа победа против борецот кој имаше скор 20-0.
„Ја прифатив борбата на 15 дена пред почетокот на настанот, кој ја добив при крајот на првата рунда со rear necked choke“, вели Петровски за IPON.mk.
Злате, како што го викаат велешани, доминираше во текот на целата борба.
Видеото може да го погледнете овде.
Ipon.mk/В.Д.