Златко Димоски-тренер на светските вицешампионки: Беа писхички стабилни и физчки најподготвени!

Zlatko Dimoski portret

Според катите што ги изведоа двете екипи во финалето на Светското карате превнство за кадети, јуниори и јуниори 21, Македонија и Франција, довлни беа да се слушнат реакците на публиката, вели тренерот на репрезентацијата за кати Златко Димоски, додавајќки дека такво мислење имале и тренертите и другите лица на шампионатот.

Kata timot na piedestal na SP vo Dzakarta

„Претходно, жребот беше непријатен, зашто се паднавме во група со Шпанија, која е светски и европкси првак, па Италија, Словачка, Иран. Тоа е елитата. И, сите ги победивме“, изјави Димоски за Ipon.mk и нагласи дека ова е прво финале на светско првенство на наши натпреварувачи.

По исклучително тешкиот жреб нашите девојки Маријана и Мишела Димоска и Киријана Камческа не се исплашија, туку храбро тргнаа и го поминаа светскиот шампион Шпанија, за да стигнат во финалето со Франција, каде што беа поразени со 4-1, иако раекциите на публиката беа ни нивна страна.

„Беа психички стабилни, а физички беа најподготвени“, ги потенцираа Димоски победничките елементи на нашиот ката тим, зад кого останаа велесили без медал, Египет, Италија, кои секогаш освојувале медали.

Пополека се трасира патот за триумф на сениорските превнства, а како увертира на тоа е и победата пред неколку месеци на СП над Турција, која беше европки првак.

„Нормално, ќе атакуваме на сениорски медал, а на минатото првенство се боревме за бронза со Шпанија“, заклучува Димоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON