На Европското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Лимасол, Кипар, од петок до недела, ќе настапат и нашите репрезентативци, а женскиот ката тим, Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа, оди со сребрениот медал од Светското првенство во Индонезија.
Покрај ката тимот во кати ќе настапат и кадетите Киријана Камческа и Абдурахим Идризи, јуниорите Маријана Димоска и Реџеп Мустафовски, во У-21 Ферри Исиќ и Маја Војдиновска.
Секако дека нашите надежи се големи и очекуваме нов успех, а тренерот на репрезентацијата Златко Димоски вели:
„Реално, тимот е посебно подготвен и во добра форма, но ќе биди многу тешко да се дојде до медал. Доколку судиите судат фер и коректно, имаме реални шанси, а доколку дел од нив судат со предумисли и пристрасно, како на песна за Евровизијата, што се случуваше на минати ЕП-а, ќе биде потешко. Ако судењето е коректно, без калкулации, тогаш ката тимот има реална можност за медал. Реално ката тимот е во врвот на Европа. Слободно може да кажам дека во моментот е најдобар и најподготвен тим во Европа и Светот, кој никој не го посакува за противник, посебно не по постигнатите резултати во 2015 година. Ќе потсетам на сребрениот медал на овој тим од Светското првенство во ноември во Џакарта, каде што ги победивме до тој момент актуелните светски и европски шампионки- тимот на Шпанија. Го победивме силниот тим на Иран, но и германскиот ката тим, кои се трети во Европа, а загубивме во финалето со дискутабилна одлука од фаворизирааниот тим на Франција. Зад нас и без медал останаа тимот на Италија, Турција, Словачка, сите фаворити и освојувачи намедали од СП и ЕП“.
Димоски истакнува дека ката тимот квалитетот го потврдил и на Балканското првенство во Дубровник, еден месец по Светското првенство, каде стигнаа со убедливи победи до златен медал, и тоа со максимален резултат во сите мечеви од 5-0. Тој поенцира дека близначките Димоски поединечно, исто така, стасаа во финалето со победи од 5-0, а заедно со Пуликсенија и во сениорска категорија во 2015 година на Карате 1 Премиер Лигата стигнаа до финале и до злато со победа над актуелните европски шампиони -тимот на Турција.
„Сите овие резултати се показетел дека овој тим е во врвот на Европа и Светот, и повторувам, доколку судиите се храбри и судат фер, овој тим ќе се врати со медал дури и со најсјано одличје. Поединечно очекувам добар пласман и од Ферри Исиќ и од Маријана Димоска, кои се искусни натпреварувачи. Ферри имаше пласман на 5-тото место на СП, има бронза од Светски куп 2015и бронза од БП во Дубровник. Маријана има медали од многу ВКФ првенства, бронза од Светски куп 2015, бронза од Светски Куп 2014, злато и бронза од Светски купови 2013, два пати поединечно била балкански шампион 2015 и 2013. Дополнително засилување во тимот е нејзината сетра близначка Мишела која има само еден медал помалку од горе наведените светски купови, балкански првенства, а надополнети со Киријана Камческа, која исто така има медали од балкански првенства и два медала од Светски купови 2012, 2013, се тим кој носи страв и кај најсилните европски држави,така што, во секој случај, ќе биде интересно. Можат да изненадат и кадетот Идризи и јуниорот Реџеп, но реално, тие немаат големо искуство и резултати на силни ВКФ првенства во кадетска и јуниорска категорија. Ќе повторам, покрај подготвеноста за медал потребен е поволен жреб и добар храбар панел на судии“, заклучува тренерот на репрезентацијата во кати.
Ipon.mk/В.Д.