Златко Димоски е избран за национален тренер на Австралија, а за „50 години карате во Македонија“ начека да тренира Јапонец (ФОТО)

 

Македонскиот сенсеи Златко Димоски е избран за национален тренер на цела Австралија за кати сениори, У-21 јуниори и кадети.

„Претходно со Бети (сопругата на Димоски-н.з.) бевме избрани за државни тренери на Западна Австралија, тука ги викаат стејт коуч, како кај нас порано републички тренери. Но, по напорна работа сега сум национален тренер на Австралија“, изјави Димоски специјално за IPON.mk.

Димоски вели дека работеле напорно во Австралија и дека тоа го препознале водечките луѓе на австралиското карате.

„А, за мене пристигна признание десет дена порано пред да ме постават за тренер на австралиската репрезентација. Имено кај мене десет дена доаѓеше шампионот на Нов Зеланд, Јапонецот И.Јоши и ја претставува оваа земја на три светски првенства по ред, а на Премиер лигата во ноември во Токио помина четири кола. Младо момче, многу вредно и со огромна почит кон нас. Знаел за нас и за нашите резултати и побара од неговата Федерација да дојде во Австралија кај мене за да тренира. Ова за мене е признанието „50 години карате во Макеоднија“, дочекав да тренирам Јапонец“, вели Димоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON