Прво место за Фаик Весели од Олимпик спорт на Гран при Хрватска во Самобор. Тој го освои златниот медал на исклучително силниот турнир во Самобор во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција.
Филип Несторовски (-70 кг, кадет) од Металург е втор, бидејќи во финалето беше поразен од Ади Гјурик од репрезентцаијата на Словачка.
Столе Смилковски (-57 кг), исто така од Олимпик спорт, во кадетска конкуренција го освои третото место.
На турнирот учествуваат рекродни 1830 натпреварувачи.
Ipon.mk/В.Д.