Натпреварувачите на ТК Штип (односно КБК Гладијатор) на два меѓународни турнири во два дена забележаа одлични резултати, односно имаа златен викенд. Денес на на третиот „Трофеј на Петровец“во Скопје златни медали освоија Викторија Варадинова и Горан Иванов, додека Јована Арсова денска освои само бронзен медал.
Вчера на Меѓународниот турнир „Подгорица опен“ во категоријата до 57 килограми во кадетска конкуренција Варадинова го освои златниот медал, а Јована Арсова во истата конкуренција до 55 килограми го освои сребрениот медал.
Инаку, на турнирот учествуваа 14 екипи од Македонија и Косво (5 клуба), со над 130 натпреварувачи, а се прави во чест на патрониот празник на Општина Петровец „Ѓурѓовден“ и под покровителство на градоначалникот Борче Митевски.
ipon.mk/В.Д.