Сара Трпковска на Меѓународните онлајн карате турнир од КК Фунакоши Гичин од Скопје го освои првото место.
Таа на онлајн турнирот од Светска серија на Спортдата одржан меѓу 23-27 април 2021 година, во категорија ката У-14 или помлади кадети, Сара го освои прво место помеѓу 32 натпреварувачки во нејзината категорија.
На патот до златото Сара издвојува победи во пет меча и тоа против натпреварувачки од Велика Британија, Австрија, Доминиканската Република, Канада и Унгарија. Во финалето со катата „гоџушихо даи“ славеше против Унгарката Лили Лошчеи сонајвисоката оценка од 24,4 во нејзината категорија.
Патот на Сара до финалето и првото место може да го видите ТУКА.