Јуниорскиот ката тим на Македонија е балкански шампион, а Македонија денеска освои шест медали- 1 златен, 3 сребрени и 2 бронзени на Балканското првенство во Дубровник, Хрватска.
Маријана и Мишела Димоски и Кирјана Камческаја потврдија улогата на фаворити и во финалето ја совладаа репрезентацијата на Србија 0-0. Претходно беа подобри од репрезентативниот состав на Босна и Херцеговина.
Машкиот јуниорски тим го освои бронзениот медал. Во првата изведба Бановски, Димитриевски и Васиќ беа поразени од Турција со 5-0.
Јуниорите до 21 година во борби во финалето са поразени од Хрватска со 4-0, а беа подобри од Србија во полуфиналето. Нашата репрезентација настапи со: Исмаил, Ќосовиќ, Стојменов, Илевски, Крстевски, Мехмед и Заборски).
Јуниорската репрезентација во борби е поразена во финалето од Турција со 2-1. До финалето славеа над Црна Гора 3-2 и над Бугарија со 1-0.
За јуниорскиот состав настапуваа: Јањиќ, Костовска, Мојсовска и Пендаровска.
Исто така и јуниорите се бореа за златниот медал, но беа поразени од Србија со 11-6. Претходно извојувавме две победи од 3-0 против Хрватска и Романија.
Апостоловски, Јакимов, Јалји, Кузмановски, Османи, Спасеновски и Станоев настапува за јуниосркиот тим.
Македонската репрезентација во борби екипно (кадети-мажи) го освои третото место на Балканскиот шампионат во Дубровник, во борбата за бронзениот медал за совладаа екипата на Бугарија со 3-0.
Нашиот состав го сочинуваат: Димов, Костов, Мурати, Несторовски, Петков, Смилковски, Весели), кој во првата борба беше совладан од Србија со 4-2.
Кумите тимот У-21 жени беше поразен од Босна и Херцеговина за бронзениот медал 13-4, а и претходно изгуби од Србија 2-0. За нашиот состав настапија: Атанасова, Манева, Симоноска и Василева).
Македонија по бројот на освоениу медали е четврта со 23 од кои 3 се златни, 11 сребрени и 9 бронзени. Прва е репрезентацијата на Србија со 43, па Хрватска 27 и Турција15.
Ipon.mk/В.Д.