Кистијан Воденски на четвртото Меѓународно Првенство на Германија денес го освои златниот медал во шуто граплинг за деца.
Годинава Кистијан не знае за пораз во БЏЏ и граплинг. Тој е единствен натпреварувач што ги тренира мешаните боречки вештини и во континуитет постигнува резултати.
Поради успесите на Воденски неколку фирми се заинтересирани да му бидат спонзори од јануари 2015 година, како „Олимп спорт“ за саплементи и „Сенчери“ кои изработуваат опрема за УФЦ и НАГА. Воденски ќе добива по 300 евра, опрема и плакати за сите натпревари. Ќе ги покриваат сите трошоци за патување и сместување, како и котизации.