Златен медал за Сејфулау, бронзен за Реџепи на „Динко Петров“ во Бугарија!

Елмедин Сејфулау на Динко петров во Буг

Елмедин Сејфулау и Минир Реџепи од Лирија имаа добар настапна Меѓународниот турнир во борење слободен стил „Динко Петров“ во Стара Загора во Бугарија за кадети.

Елмедин Сејфулау го освои првото место во категоријата до 54 килограми, во која имаше 22 натпреварувачи, при што нашиот борач извојува четири победи.

Минир Реџепи со три победи и еден пораз го освои третото место.

Елмедин и Реџепи во бугарија на динко

На турнирот учествуваа уште Халит Османи, Шаип Брава и Ријад Реџепи, предводени од тренерот Седат Бафтиу.

На турнирот учествуваа 200 борачи од Бугарија, Македонија, Турција, Словачка, Романија и Грција.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON