Златен медал за Сара Дука на Балканското карате првенство

Сара Дука го освои вториот златен медал за Македонија во досегашниот дел од натпреварите на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бар, Црна Гора, во борби во јуниорска конкуренција. Младата дебарчанка во финалето славеше против Кристина Тријада Папа (Грција) 1-0.

Претходно, со злато се закити Драгана Ефтимовска и Катја Апостоловска со бронза во кадетска конкуренција во борби.

На петтото место се: Алдин Абази, Јована Мицовска, Јована Манчевска (кати).

За Македонија настапуваат 106 каратисти со 118  натпреварувачки влезови.

На Балакнското првенство учествуваат 944 каратисти од 10 држави со 1011 натпреварувачки влезови.

Резултати – Балканско првенство:
Јуниори
-48 кг
Сара Дука – златен
Сара Дука – Теони Рагкли (Грција)
Сара Дука – Андријана Станојевиќ (БиХ) 9-0
Сара Дука – Ирна Мујановиќ (БиХ) 4-1
Финале
Сара Дука – Кристина Тријада Папа (Грција) 1-0

Кадети

-47 кг
Катја Апостоловска – бронзен
Катја Апостоловска – Александра Јонексу (Романија) 6-0
Катја Апостоловска – Патриција Јуришиќ (БиХ) 0-5
Репсаж
Катја Апостоловска – Екатерина Сакса (Србија) 1-0
За бронза
Катја Апостоловска – Ема Јукиќ (Хрватска) 2-2

-54 кг
Драгана Ефтимовска – Штип – златен
Драгана Ефтимовска – Тинкара Лебен (Словенија) 0-0
Драгана Ефтимовска – Петра Бандиќ (Хрватска) 0-0
Драгана Ефтимовска – Уна Раковиќ (Црна Гора) 4-0
Драгана Ефтимовска – Анџела Рауковиќ (Србија) 0-0
Финале
Драгана Ефтимовска – Дуња Јововиќ (Србија)3-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON