Златен медал за Петар Заборски на Европското универзитетско првенство (ФОТО)

Петар Заборски (-75 кг) во извонредно тешка борба со Португалецот Де Пина Родриго Мацедо упеа да победи со 2-1 и да го освои златниот медал Европското универзитетско првенство во Коимбра, Португалија.

Заборски го освои вториот златен медал за Македонија на собирот на европските карате студенти, откако тоа и успеа на Сара Радичевска (-50 кг) во кумите во женска конкуренција. Тој во текот на борбата имаше и два челинџа кои беа клучни во неговата студентска шампионска титула.

Петар во првото коло го совлaда Перез Виктор Луке (Шпанија) со 4-0, потоа Видо Копитовиќ (Црна Гора) 1-0 и во полуфиналето Немања Бршанац од Црна Гора со по 1-0.

Да потсетиме дека Петар Заборски (Макпетрол) на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Софија го освои единствениот медал за Македонија – бронзениот во конкуренција на У-2.

„За овој натпревар имав сериозни подготовки во Бар и Суто море. Можам да кажам дека го посакував златниот медал, и, ете, успеав да го освојам. Имав многу тешки противници кои се повозрасни и поискусни, но желбата да се освои медал изгледа кај мене беше на повисоко ниво и успеав. Многу сум среќен, бидејќи на првиот мој настап се качив на победничкиот пиедестал и станав Европски универзитетски шампион“, изјави Заборски.

Наташа Стефановска (-61 кг) несреќно го загуби бронзениот медал во средбата со Ана Ракел Симао Лопез од Португалија бидејќи борбата заврши 0-0, а на изјаснување победата и припадна на противничката.

Стефановска (Макпетрол) извојува две ппобеди против Марија Пратс 6-0 и Џозефин Рел 3-1, а во третото коло загуби минимално 0-1 од Александра Силва. Во репасажот со 2-1 славеше над Медлина Стер Попа од Обединетото Кралство (Универзитет Мидлсекс).

Женскиот тим се пласира во финалето и се бореше за златниот медал против екипа од Финска.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON