Мила Рељиќ освои златен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен рамус Г1“. Мила извојува четири победи.
„Фантастични борби направи Мила со победи над Лихама Асумаја Ангуста (Франција) со 2-0 во рунди. Во следното коло Мила беше подобра од Андреа Комарина (Црна Гора). Во полуфиналето ја победивме Италијанката Кристина Гаспа, а во финалето Мила ја победи и Јулика Шпак. Мила не изгуби ни една рунда до златниот медал“, вели тренерот Александар Ефтимов и додава:
„Ова се нови 10 поени за Мила на олимписката и светската ранг-листа… Честитки за Мила и за Дејан Георгиевки, кој, исто така, се закити со златен медал“.
Ефтимов наведува дека од неговиот клуб Тигри на турнирот учествуваа и Горјан Бадаровски со одлична борба против искусниот Израелец Саасун Иматар.
Натпреварувачката од Турција, Зејнеп Ебрар Марашли, која неколку месеци тренира во Тигри, направи добра борба и можеше да ја победи Германката Лаура Гебел, но искуството беше пресудно.
На „Скопје опен“ Г1, еден од најсилните теквондо турнири во Европа, се натпреваруваа 800 борци од 40 држави и 220 клубови.