Анастасија Матеска стана балкански шампион во изведба на кати во кадетска конкуренција.
Македонските репрезентативци на Блаканското првеснтво за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Софија, Бугарија, постигнаа добри резултати освојувајќи 15 медали.
На патот до шампионската титула Матеска најпрво беше подобра во изведбата од Романката Висан Каталину, совладувајќи ја со 5-0, потоа славеше против Лана Јовановиќ од Србија со 4-1, а со истиот резултат ја совлада и Јована Мариќ од Црна Гора. Со судбоносниот резултат Матеска во полуфиналето и во финалето ги совлада Србинките Јована Симиќ и Николина Ѓурѓевиќ.
Сестрите Мишела и Маријана Димоски го освоија сребрениот и бронзениот медал во кати во јуниорска конкуренција, а Фери Исиќ беше втор во оваа конкуренција.
Марија Василева и Марија Спасовска во борби се закитија со сребрен и бронзен медал во категоријата до 59 килограми во јуниорска конкуренција, додека Давид Петков во истата конкуренција до 61 кг го освои третото место. Петар Заборски стана вицешампион во категоријата до 76 кг јуниори, а Андреј Ристевски го освои бронзениот медал во категоријата над 76 килограми.
Марија Матракоска во јуниори до 21 година во кати беше трета.
Биљали Орхан и Емир Ќосовиќ беа третопласирани во категоријата до 84 кг во јуниори 21.
Дополнување
Христина Ристиќ е трета во категоријата до 48 килограми за јуниори, а Моника Пендаровска до 53 кг беше поразена во финалето Анела Дураковиќ од Босна и Херцеговина. И на Сара Радичевска и побегна златниот медла во финалето откако загуби од Севил Баш од Турција во категоријата до 50 кг за јуниори до 21 година.
По бројот на освоени медали Македонија е на седмото место со 15 медали: 1- златен, 5-сребрени и 9-бронзени
1 | TURKEY | TUR | 7 | 2 | 6 | 15 |
2 | SERBIA | SRB | 5 | 9 | 13 | 27 |
3 | CROATIA | CRO | 4 | 3 | 7 | 14 |
4 | BOSNIA AND HERZEGOVINA | BIH | 4 | 2 | 10 | 16 |
5 | MONTENEGRO | MNE | 2 | 1 | 3 | 6 |
6 | BULGARIA | BUL | 2 | 0 | 0 | 2 |
7 | FYR of Macedonia | MKD | 1 | 5 | 9 | 15 |
8 | ROMANIA | ROU | 0 | 2 | 1 | 3 |
9 | ALBANIA | ALB | 0 | 1 | 0 | 1 |
10 | GREECE | GRE | 0 | 0 | 1 | 1 |
ipon/В.Д.