Златен медал за Лулзим Исмаили и најдобар техничар на „Адем Јашари“, сребро за Артан Алиу (ФОТО)

Лузим Исмаили го освои златниот медал и е прогласен за најдобар техничар на Меѓународниот боксерски турнир „Адем Јашари“ во Приштина, додека Артан Алиу се закити со сребрениот, како дел од сениорската репрезентација на Македонија.

„Ова е резултат за почит. Мислев дека ќе паднеме на физички план, но дечките се покажаа во добро светло. Лулзим Исмаили одлично избоксира, а посебен впечаток ми остави дебитанот Артан Алиу. Алмир Нуришов првите две рунди ја имаше борбата во свои раце, а Јасин Лама покажа одличен бокс против најдобриот боксер на турнирот“, изјави селекторот на репрезентацијата Петре Чурлиновски.

Во полуфиналето на турнирот се бореа Алмир Нуришов и Јасин Лама, кои исто така прикажаа добар бокс. Јасин Лама загуби во рамноправна борба од најдобриот албански боксер Кренар Зенели, кој е и победник на „Адем Јашари“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON