Јасин Лама (-60 кг) го освои златниот медал на силниот Меѓународен турнир „Влазнија 2018“ во Скадар, Албанија, кој е во калнедарот на ЕУБЦ. Лама во финалето го совлада албанскиот репрезентативец Кристи Бојко.
Вториот наш репрезентативец, Денис Муаремовски, во финалето загуби од Патриот Бехрами од Косово.
За најдобар боксер на турнирот е прогласен Ајрон Кајоши од Албанија.
Репрезентацијата ја предводеше тренерот Фатон Салиху.
Ipon.mk