Иво Сандев (-37 кг) од Таеквондо клубот Петровец и Христијан Спасовски -Делини Илинден во -59 кг во кадетска, односно јуниорска конкуренција во А-класа, ги освоија златните медали на Меѓународниот турнир „Лола куп“ во Белград, Србија.
И Деспина Јовчевска (-51 кг) од Делини Илинден во кадетска конкуренција го свои златниот медал Анастасија Видинска – Делини Илинден и Даниела Ѓоргиевска – Петровец освоија бронзени медали – 41 килограм, како и Ива Сандева-Петровец во – 47 кг, сите во А-класа.
И во Б-класа нашпреварувачите од Македонија беа успешни, Леотрим Ливарека (-41 кг) од Петровец беше прв, а Стефан Нанев трет во истата категорија. Александар Анастасовски –Делини Илинден беше втор во -33 кг.
Даријан Ангеловски (-36 кг) е прв во пионерска конкуренција Б-класа. Исто така и Викторија Ангеловска освои златен медал.
Ipon.mk/В. Д.