Македонската кендо репрезентација предводена од претседателот Златко Кесковски и техничкиот директор Андреј Атанасовски викендов учествуваше 14. Балканско првенство во кендо во Истанбул, Турција, на кое Гордан Чоланченвски стана балкански шампион.
„Нашиот тим настапи во повеќе категории а најуспешен беше во категорија пионери каде што Гордан Чоланченвски стана балкански шампион“, информираат од Федерацијата и додаваат:
„Во категорија кадети, Димитар Крстевски се бореше одлично но изгуби 1-0 од шампионот во 1/4 финалето со што ја доби наградата борбен дух.
Во категорија жени Лазаровска и Атанасовска имаа добри борби, излегоа од групната фаза, но беа елиминирани во 1/8 финалето.
Во индивидуалниот дел кај сениорите сите наши борци ја поминаа својата група, а најдалеку стигна Олег Бичковски кој се бореше во 1/4 финалето со вицешампионот Џан Ајдогду од Турција. Мечот беше тесен, но Ајдогду успеа да издвојува победа.
Во екипниот дел од натпреварот, составот од Александров, Бичковски, Петрески, Александар Кесковски и Ивановски издвојува победи над Бугарија, Турција Б тим, нерешено со Грција со што продолжија во 1/4 финале каде што се сретнаа со Србија и изгубија тесно за еден поен.
Исклучителни борби имаа Пешков и Конески кој настапуваа за Македонија Б тим.
На овој натпревар Дино Конески (сениори) доби награда борбен дух“.
По ова натпреварување се заклучи составот за Светско првенство во јули во Милано, Италија.
Боите на Македонија ќе ги бранат:
Андреј Александров
Александар Кесковски
Владимир Пешков
Александар Петрески
Глигор Дубровски
Матеј Ивановски
Менсур Бојда
Ангела Атанасовска
Ивона Лазаровска