Златното момче Дејан Георгиевски повторно со златен медал од мулти Европското првенство во Софија – Бугарија, кое е од серијата Г-1. Георгиевски две години по ред го освојува златниот медал на Мултиевропските игрио во таеквондо.
На силниот Г-1 турнир учествуваа над 2000 натпреварувачи од цел свет.
Георгиевски имаше три борби и три ефективни победи со доминација. Првата борба против Гркот Атанасиос Димотракопулус ја одби со 30-1, втората против Бразилецот Гилермо Цезрио Феликс со 16-10 и трета со 17-9 над Русинот Олег Кузнецов.
Дејан освои нови бодови за Олимписките игри во Токио 2020. Ова е нов голем успех за македонското таеквондо и е освоен уште еден светски куп Г1.
„Останатите беа добри, но не доволно за медал. Анамарија Георгиевска успеа да ја победи во првото коло Русинката Екатерина Митрофанова, но загуби второто. Другите загубијаво прво коло, но сите со одлични борби и тесен резултат“,велатод нашиот табор.
За нашата репрезентација настапија Дејан Георгиевски +87 кг, Филип Додевски -87 кг, Костадин Георгиевски -80 кг, Иван Крстевски -68 кг, Анамарија Георгиевска -63 кг во сениорска конкуренција и ќе настапат во недела. Јуниори се борат утре, а за нашата земја ќе настапат Филип Стаменов -73 кг и Марко Аврамовски 62 кг.