Борче Ангелов (-60 кг) од ЏК Пролетер од Прилеп во кадетска конкуренција го освои првото место на Меѓународниот џудо турнир „Суд куп“ во Стафансторп во Шведска, кој се одржа викендов.
На турнирот учествуваа џудисти од Шведска , Финска, Норвешка и Германија.
Репрезентативецот Ангелов покажа дека заслужено носи приматот најдобар џудист од Македонија во кадетска конкуренција.
Во Пролетер се надеваат дека и дугите нивни членови наскоро ќе ги покажат кавлитетите со кои располагаат.
Ipon.mk/В.Д.