На меѓународниот џудо турнир „Илинден опен“ во Софија, во саботата, учествуваа околу 800 натпреварувачи од 12 држави. ЏК Миоки настапи со четири претставници кои освоија 3 медали.
Во конкуренција пионери Еди Шерифовски (66 кг) и Хамза Јашари (60 кг) со по 3 победи и еден пораз освоија бронзени медали. Кај кадетките Берна Шерифовска (57кг) освои злато со 3 убедливи победи. Магдалена Бојаџиска (63кг) заврши како 5 пласирана.
ipon.mk/В.Д.