Златен и бронзен медал за македонските пеливани во Нигрита-Грција (ФОТО)

Пеливанската реперезентација на Макеоднија на 7 мај учествуваше на силниот пеливански турнир во градот Нигрита, Грција, освоија златен и бронзен медал. Самир Ибраими го освои првото место, а Басри Јусуфи третото.

Самир Ибраими во башалти за првото место оствари ефективни победи противпеливани од Турција, Бугарија и Грција.

„И покрај силната конкуренција и истоштеноста од предходниот турнир во Чалакли, Валандово, нашите пеливани репрезентативци се изборија максимално и освоија едно прво место и едно трето место. Самир Ибраими го освои првото место, а Басри Јусуфи трето место“, велат од Федерацијата за пеливанско борење, при што истакнуваат дека репрезентативците  ги предводел тренерот Мухамет Вејслеи, а водич на групата бил Фатмир Азизи.

Турнирот бил прилично силен со многу борачи од Турција, Бугарија, Грција и Македонија.

Репрезентацијата настапи со Рамазан Бакија, Самир Ибрахми, Орхан Имери, Басри Јусуфи и Арсим Беќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON