Денес во полуфиналните борби на 52. Меѓунарден боксерски турнир „Златен гонг“ настапуваат двајца наши боксери Дион Лена 63.5 кг и Алим Насуфи 71 кг.
Утре се борат Петар Арсовски 60 кг Филип Новаковски 86 кг.
На Златниот гонг во Скопје се пријавени 52 боксери од 12 држави.
Покрај нашите репрезентативци на „Златен гонг“ ќе настапат боксери од: Англија, Шведска, Молдавија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија, Белгија, Словенија, Косово, Албанија и Полска.
Турнирот се одржува во спортската сала „Македонско сонце“ при ОУ „11 Октомври“ во Ценатар.
Полуфиналните борби денес се со почеток во 15:30 часот, а финалните се во недела во 15 часот.
Златен гонг:
51 кг Шабан Димитров (Бугарија) – Ридшоу Рисе (Англија)
60 кг Хеди Хедроус (Шведска – Лорент Мурати (Косово)
60 кг Роланд Галош (Унгарија) – Пулен Фреди (Англија)
63,5 кг Дион Лена (Македонија) – Мохамед Осама (Англија)
63,5 кг Максим Телепиз (Молдавија) – Валог Марк Адолф (Унгарија)
67 кг Салех Хилал (Шведска) – Козмин Неагу (Романија)
67 кг Доминик Енекеш (Унгарија) – Јемин Алмуќа (Албанија)
71 кг Венхан Хазири (Косово) – Игор Рогиќ (Србија)
71 кг Алим Насуфи (Македонија) – Велјко Вукадиновиќ (Словенија)