Дионтеј Вајлдер (41-0-1, 40 КО) на 23 ноември во реваншот со Луис Ортиз (31-1-2НЦ, 26 КО) во Вегас го брани шампионоскиот појас на ВБЦ во тешка категорија.
Во првиот возбудлив меч од март минатата година „Бронзениот бомбардер“ го нокаутира „Кинг Конг“ во 10 рунда, но претходно и самиот беше здрман.
Вајлдер, кој пред една недела го прослави 34-тиот роденден, се надева на нова победа против 40-годишниот Кубанец кој отвора вратата за нова веќе договорена борба со Тајсон Фјури.
Фокс го емитуваше првиот дел од ПБЦ емисијата Вајлдер – Камп Фајт камп кој во САД премиерното прикажување го гледаа повеќе од 2 милиони гледачи.
Едно хоби на Вајлдер е нуркањето, а шампионот сфати како да го искористи хобито за да добие предност во рингот.