Жуниор дош Сантос против Волков

Главната борба на настанот на УФЦ во Москва треба да донесе судир на тешкаши.

Според руската агенција ТАСС, Жуниор дош Сантос (21-6, 15-5 УФЦ) ќе се бори против Александар Волков (30-7, 4-1 УФЦ) на 9 ноември во ЦСКА арената.

35-годишниот Бразилец беше нокаутиран од Френсис Нгану во последната борба во јуни, а поранешниот шампион во тешка категорија пред тоа беше во низа од три победи.

Пет години помладиот Волков, кој е поранешен шампион во Белатор, не се борел од октомври 2018 година, кога беше нокаутиран од Дерик Луис, во мечот во кој победуваше на 11 секунди пред крајот, и му одзеде титулата. Требаше да се врати во април против Алистер Овереем на Санкт Петербург, но беше заменет со Алексеј Олеиник.

Беше објавено дека се откажал од борбата од здравствени причини, но руските медиуми открија дека паднал на допинг тестот.

Да додадеме и дека Дерик Луис на 2 ноември во Њујорк се бори против Благој Иванов од Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО